Единствена Македонија уште во 2022 бараше од Руската Црква признавање на МПЦ: Денес Патријархот Кирил потврди - Македонската црква има законска автокефалност


22.11.2026 | 13:44:16 | Соопштенија


Единствена Македонија уште во 2022 бараше од Руската Црква признавање на МПЦ: Денес Патријархот Кирил потврди - Македонската црква има законска автокефалност

Единствена Македонија со задоволство ја поздравува средбата на претставниците на Македонската православна црква - Охридска архиепископија со патријархот на Руската православна црква, Кирил, и чинот на потврдување на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Руската православна црква.

Овој историски чин претставува значаен момент за Македонската православна црква, за македонскиот народ и за вековните духовни и историски врски меѓу Македонија и Русија.

Особено сакаме да потсетиме дека Единствена Македонија уште на 25 мај 2022 година побара од Руската православна црква безусловно да ја признае автокефалноста на МПЦ- ОА.

Тогаш посочивме дека Руската православна црква, имајќи ја предвид својата водечка улога во православниот свет и традиционалните духовни врски со македонскиот народ, има историска можност да придонесе за исправување на неправдата кон МПЦ-ОА.

Денес, со особена радост констатираме дека нашето тогашно барање добива историска потврда.

Единствена Македонија смета дека признавањето на автокефалноста од страна на Руската православна црква е многу повеќе од црковен чин. Тоа е потврда на вековната духовна традиција, историскиот континуитет и правото на Македонската православна црква самостојно да го организира својот црковен живот.

Упатуваме благодарност до патријархот Кирил и Руската православна црква за овој значаен чекор, со надеж дека духовните врски меѓу македонскиот и рускиот народ ќе продолжат да се продлабочуваат.

Единствена Македонија уште во 2022 година преземаше конкретни активности и го побара ова признавање. Денес ја поздравуваме историската потврда на нашето барање!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 22 ноември 2026 година.