Повторно го отвораат Преспанскиот договор - Што најавува Единствена Македонија


30.09.2026 | 12:03:31 | Соопштенија


Повторно го отвораат Преспанскиот договор - Што најавува Единствена Македонија

Единствена Македонија денеска, 30 септември, се осврнува на референдумот одржан на истиот датум во 2018 година, оценувајќи го како голема референдумска победа и порака од граѓаните против Преспанскиот договор.

Од партијата потсетуваат дека Националниот блок „Македонија-Бојкотира“, предводен од Единствена Македонија, во кампањата настапувал за бојкот на референдумот.

Според Единствена Македонија, во Националниот блок „Македонија-Бојкотира“ биле обединети партијата и 83 македонски здруженија од земјата и странство.

Блокот водел кампања за бојкот, наспроти кампањата на тогашната влада предводена од Зоран Заев, која го користела слоганот „Излези за Европска Македонија“.

Од Единствена Македонија оценуваат дека резултатот од бојкотот претставувал порака дека „македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат промена на светото македонско име“.

Партијата истовремено тврди дека тогашната власт ја „погазила референдумската волја“ со спроведувањето на промената на уставното име.

Единствена Македонија повторно го потврдува својот став дека Преспанскиот договор е, како што наведуваат, „капитулантски и штетен за Македонија и Македонците“.

Од партијата дополнително тврдат дека договорот е „ништовен“ од меѓународно-правен аспект, повикувајќи се на три правни основи од Виенската конвенција за правото на договорите.

Единствена Македонија најавува дека, доколку ја добие довербата од граѓаните, ќе преземе чекори за, како што велат од партијата, „одземање на важноста“ на Преспанскиот договор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 30 септември 2026 година.