Не ги плашете граѓаните со рудниците, слушајте ја науката, еве што ја уништува Македонија


28.08.2026 | 14:53:39 | Соопштенија


Не ги плашете граѓаните со рудниците, слушајте ја науката, еве што ја уништува Македонија

Единствена Македонија им го честита 28 Август -Денот на македонските рудари, на сите рудари, нивните семејства и сите вработени во рударскиот сектор.

Рударството е една од темелните гранки на македонската економија и индустрија, а македонскиот народ има долга и богата рударска традиција. Со векови, а најмалку два века во современите индустриски услови, рударството е дел од економскиот и индустрискиот развој на Македонија. Тоа е факт кој не смее да се игнорира.

Единствена Македонија смета дека граѓаните не смеат да бидат манипулирани, заплашувани и доведувани во неоправдана атмосфера на страв секогаш кога се зборува за отворање или развој на рудници. Рударството само по себе не значи уништување на природата, ниту загрозување на животот и здравјето на луѓето.

Наместо ширење страв и дневнополитички манипулации, за рударските проекти мора да се слушаат науката, стручната јавност и надлежните институции, кои имаат обврска да ги проценат ризиците, безбедноста и влијанието врз животната средина.

Прашањето не треба да биде дали Македонија треба да има рудници, туку под кои услови тие можат безбедно да функционираат, со какви стандарди, со каква технологија и со каква контрола од страна на државата.

Единствена Македонија бара дебатата за рударството да се води со факти, научни анализи, стручни аргументи и јасни критериуми, а не со дневнополитички интереси, манипулации и ширење страв меѓу граѓаните.

Македонија има право да ги користи своите природни ресурси за економски развој, но тоа мора да се прави одговорно, транспарентно и во интерес на македонските граѓани.

И конечно, најважно – Македонија, македонскиот народ и државјаните на Македонија нема да бидат уништени ниту со рудници, Македонија е загрозувана од нешто сосема друго - од грабежот, криминалот, корупцијата и предавствата што се вршат цели 30 години.

На сите македонски рудари им посакуваме здравје, безбедност, достоинствена работа и успех!

Честит 28 Август - Денот на рударите!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 28 август 2026 година