Политиката што подалеку од трагедијата во Гостивар - сега најважно е здравјето на народот


21.07.2026 | 14:27:14 | Соопштенија


Политиката што подалеку од трагедијата во Гостивар - сега најважно е здравјето на народот

Единствена Македонија апелира да престанат секојдневните политички препукувања меѓу власта и опозицијата во врска со трагичниот случај со загадената вода во Гостивар.

Во овој момент, најважно е животот во Гостивар што поскоро да се врати во нормала, а надлежните институции професионално и непристрасно да ги утврдат сите релевантни околности поврзани со случајот.

Доколку се утврди постоење на кривични дела, истражните и правосудните органи треба да постапат согласно закон, исклучиво врз основа на факти, докази и стручни анализи, а не врз основа на политички квалификации и дневнополитички пресметки.

Политиката треба да остане што подалеку од оваа немила трагедија. Сега најважни се здравјето и безбедноста на граѓаните. Здравјето на луѓето не смее да биде предмет на политички калкулации.

Она што можат да го направат и власта и опозицијата е да предлагаат конкретни мерки и решенија, додека институциите треба да се остават професионално и независно да ја завршат својата работа.

Граѓаните заслужуваат целосна и транспарентна информација за сите наоди и резултати. Вистината мора да се утврди врз основа на факти, докази и стручни анализи, а не врз основа на политички обвинувања и квалификации.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник 21 јули 2026 година.