За какви фер избори зборуваме? За Единствена Македонија 700 евра, За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ милиони евра од буџетот за кампања


04.07.2026 | 15:55:32 | Соопштенија


За какви фер избори зборуваме? За Единствена Македонија 700 евра, За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ милиони евра од буџетот за кампања

Единствена Македонија со жалење констатира дека во Собранието се турка за усвојување спорниот Изборен законик, кој, според партијата, де факто ги укинува вонпарламентарните партии и го суспендира демократскиот изборен натпревар.

Партијата реагира на моделот на државно финансирање на изборните кампањи, при што, како што наведува, милионски износи од буџетот се обезбедуваат за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА ЗНАМ,ДУИ И ВЛЕН, додека вонпарламентраните партии ништо. Според нив, ваквиот систем создава нееднакви услови, бидејќи токму предизборната кампања е клучна за допирање до гласачите.

„Ако едни партии добиваат милиони евра од буџетот, а вонпарламентарните партии само симболични средства или воопшто ништо, не може да се зборува за фер избори“, велат од партијата.

Тие оценуваат дека во последните 35 години во Македонија не може да се зборува за целосно фер изборен процес, туку само за законски или незаконски избори, но не и за вистински демократски натпревар.

Како илустрација, посочуваат дека на следните избори, во 20-дневната кампања, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН би добиле околу 800.000 евра, Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра, останатите парламентарни партии без пратеничка група околу 200.000 евра, додека вонпарламентарните партии би добиле само околу 700 евра.

Единствена Македонија смета дека државното финансирање треба да биде еднакво за сите учесници на изборите или целосно да се укине. За таа цел, партијата повторно го реафирмира својот став од 2022 година за укинување на државното финансирање на политичките партии, наведувајќи дека во Собранието се подготвени амандмани и дека е потребен само пратеник-овластен предлагач за тие да се стават на дневен ред.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 4 јули 2026 година.