Откако ДУИ предупреди на ‘граници на трпение’, стигна жесток одговор од Единствена Македонија


22.06.2026 | 14:14:15 | Соопштенија


Откако ДУИ предупреди на ‘граници на трпение’, стигна жесток одговор од Единствена Македонија

Два дена јавноста е сведок на вознемирувачки изјави од страна на ДУИ, на кои им се придружија и дел од албански професори, поранешни пратеници и поранешни државни функционери, во врска со судската одлука за називите на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово.

Наместо да се повика на почитување на институциите и владеењето на правото, ДУИ создава политичка тензија и испраќа пораки дека судските одлуки треба да важат само кога некому му одговараат.

Особено загрижуваат изјавите дека почитувањето на законските процедури и враќањето на претходните називи на јавните објекти претставувало „враќање пред 2001 година“, како и тврдењата дека Тетово е „албански град“ и дека „трпението на Албанците има граница“.

Вакви изјави претставуваат опасна политичка реторика која отвора непотребни поделби и тензии меѓу граѓаните.Единствена Македонија ваквите провокации и ги става како највисок приоритет во својата политичка агенда. Тетово е град на сите негови граѓани, но е и нераскинлив дел од Република Македонија. Судските одлуки мора да се почитуваат на целата територија на државата, без исклучок и без политички притисоци.

Единствена Македонија упатува јасна порака дека иднината на државата се гради со почитување на законите, институциите и мирот, а не со закани.

Ја користиме приликата даго реафирмираме нашиот став дека никогаш нема да ги предадеме Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме антимакедонските и антидржавни акти со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ.Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 22 јуни 2026 година.