Срамна и скандалозна пракса- пратениците чие основно знаење е да разликуваат само зелено од црвено копче ќе им објаснуваат закони на Судскиот совет


12.06.2026 | 16:10:33 | Соопштенија


Срамна и скандалозна пракса- пратениците чие основно знаење е да разликуваат само зелено од црвено копче ќе им објаснуваат закони на Судскиот совет

Единствена Македонија изразува сериозна загриженост со постапувањето на Судскиот совет, кој наместо самостојно и стручно да ги толкува и применува одредбите од новиот Закон за Судски совет, се обратил до Собранието со барање за толкување на законски норми.

Сметаме дека ваквиот чекор е крајно несоодветен и претставува сериозно нарушување на професионалниот интегритет на Судскиот совет, кој, барем според законот се смета дека е составен од истакнати правници, чија основна должност е да применува закони во рамките на своите надлежности.

Не е спорно дека Собранието има законска надлежност за автентично толкување. Но, во случајот, срамно и неодговорно е да се бара толкување од Сускиот совет  чија работа по природата на нештата се токму законите. Собранието е политичко тело со пратеници поставени по политичка линија и без соодветно стручно правничко знаење и чија способност се сведува на знаењето да можат да разликуваат црвено од зелено копче кога гласаат откако претходно им се кажува како да гласаат.

Ова отвора сериозни сомнежи за стручноста и независноста на Судскиот совет, како и за неговата способност да постапува во согласност со својата уставна улога.Оваа пракса е неприфатлива и претставува опасен преседан кој може да доведе до политизација на правните процеси и слабеење на владеењето на правото.

Јавно бараме одговорност за ваквото нестручно и несоодветно постапување, како и итно преиспитување на практиките на одлучување во рамките на Судскиот совет.

Владеењето на правото подразбира професионалност, самостојност и одговорност а не префрлање на сопствената основнас надлежност на други институции.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 12 јуни 2026 година