36 години поделби-народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии


26.05.2026 | 16:46:59 | Соопштенија


36 години поделби-народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии

Единствена Македонија и македонскиот народ со загриженост ги следат секојдневните политички препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во изминатите 36 години граѓаните постојано се сведоци на меѓусебни обвинувања меѓу двете најголеми партии во плурална и демократска Македонија.

Единствена Македонија, која во основа се бори заодбрана на македонските национални и државни интереси, ги повикува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да покажат единство околу клучните национални прашања и да го израдуваат народот со заеднички став.

За Единствена Македонија нема дилема дека неопходно е да се постигне национален договор за најважните национални и државни прашања од неколку точки и во кои никој нема да чепка без разлика која партија победува на избори, додека за се друго кој каква економска, земјоделска, спортска, културна, младинска...или било каква политика ќе води може слободно да се расправаме на избори.

Единствена Макеоднија нагласува дека домашното единство е најсилната заштита од внатрешни и надворешни закани и предупредува дека, ако државата  се сруши сите ќе не затрупа во неа. Во услови на секојдневни антимакедонски активности од непријателите на македонското дело, останува прашањето што уште треба да се случи за да видиме домашно единство во Битката за Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 26 мај 2026 година.