Единствена Македонија до СДСМ - Оставете го Груевски, ајде иницијатива за одземање на украденото од Мијалков


25.05.2026 | 15:47:16 |


Единствена Македонија до СДСМ - Оставете го Груевски, ајде иницијатива за одземање на украденото од Мијалков

 

Единствена Македонија реагира на повторните јавни настапи на СДСМ во врска со прашањето за екстрадицијата на Никола Груевски. Партијата оценува дека секоја политичка партија има право да поставува прашања и да настапува во јавноста, но смета дека суштинските прашања за правдата и одговорноста остануваат настрана.

Единствена Македонија ја повикува СДСМ да не ја насочува јавната дебата исклучиво кон прашањето за екстрадиција, туку да иницира постапки поврзани со конфискација на криминалниот имот на еден од најголемите бандити во поновата македонска историја Сашо Мијалков, познат како братучедот на Груевски.

Мијалков ја изврши најголемата пљачка за време на власта на Груевски а украдениот имот е тука во Македонија. Среќа, во несреќа!

Партијата истакнува дека постапките за конфискација не мора да зависат исклучиво од кривични процеси, туку можат да се водат и врз основа на докажување на несразмерност помеѓу пријавените легални приходи и стекнатиот имот. А токму во случајот на Мијалков тоа е најлесно докажливо.

Единствена Македонија смета дека без реална конфискација на нелегално стекнатиот имот нема целосна правда, ниту вистинска корист за граѓаните, дури и да биде вратен Груевски и одлежа 100 годин и затвор.

 

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 35 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 25 мај 2026 година