Седница на Централниот комитет на Единствена Македонија: Усвоени извештаи и план за јакнење на партијата


15.03.2026 | 19:37:13 | Соопштенија


Седница на Централниот комитет на Единствена Македонија: Усвоени извештаи и план за јакнење на партијата

Централниот комитет на Единствена Македонија синоќа (14.03) одржа седница на која беа донесени повеќе одлуки. 

На седницата беа усвоени финансискиот извештај како и извештајот за локалните избори, на кои партијата настапи самостојно со 29 кандидатски листи.  

Членовите на Централниот комитет расправаа и за резултатите од последните локални избори.

Општ беше впечатокот кај членовите на Централниот комитет дека партијата очекуваше повеќе советници од освоените на изборите, но, недвосмислено беше потенцирано дека во услови на нефер избори за кандидатите на Единствена Македонија со 0 (нула) време на медиумите во кампањата и 0 (нула) денари државно финансирање, практично и не беше можно остваруавње на подобар изборен резултат.

На седницата беше усвоен и план за наредните активности чија цел е јакнење и проширување на партиската инфраструктура.

Централниот комитет донесе и измени и дополнувања на Статутот на партијата, како и неколку статутарни одлуки од изборната надлежност на ова партиско тело.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 15 март 2026 година