Хоророт со непотребно стентирање за профит е медицинско злосторство кое мора да има и кривична завршница


14.11.2025 | 13:10:29 | Соопштенија


Хоророт со непотребно стентирање за профит е медицинско злосторство кое мора да има и кривична завршница

Единствена Македонија изразува длабока шокираност од денешната прес-конференција во Министерството за здравство, на која беше откриено дека кај дел пациенти биле извршувани непотребни стентирања и операции со единствена цел - профит.

Единствена Македонија го поздравува обелоденувањето на овој сериозен скандал, инициран од кардиологот Сашко Кедев, при што јавноста, сè уште не е свесна какви последици може да произлезат по целосното разгледување на сите пријави и на големиот број случаи за кои постои интерес за дополнително испитување.

За Единствена Македонија нема дилема - овој скандал мора да биде целосно расчистен. Не е доволно само да се презентираат статистичките податоци за злоупотребени пациенти, туку неопходно е да се соопштат и имињата на инволвираните лица, а најбитно случајот да биде процесуиран пред надлежните институции за да добие соодветен кривично-правен епилог.

Станува збор за медицинско злосторство врз пациенти, кое е недозволиво и казниво.  

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 14 ноември 2025 година.