Шестмина што го разбудија народот Од идеја до држава - славиме 23 Октомври


23.10.2025 | 14:43:46 |


Шестмина што го разбудија народот Од идеја до држава - славиме 23 Октомври

Единствена Македонија им го честита 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба на македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија.

Овој значаен датум длабоко е врежан во колективната меморија на македонскиот народ. На денешен ден, пред 132 години, шестмина храбри Македонци - Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Антон Димитров ја основаа најсилната револуционерна организација во македонската историја.

Во нивните срца се роди идејата дека македонскиот народ мора да ја оствари својата вековна цел - создавање на сопствена држава. Тие знаеја дека патот до слободата ќе биде тежок, но решително ја поставија основата: ја родија идејата, од идејата произлезе организацијата, а од организацијата делото. Тоа дело е денешната самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

Нека е честит и вековит празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, симбол на непокорот и стремежот за слобода!

Центар з акомуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 23 октомври 2025 година