Централен комитет на Единствена Македонија - 29 листи потврдени, шест во постапка, утврдена кандидатура и за Скопје


24.08.2025 | 21:49:09 | Соопштенија


Централен комитет на Единствена Македонија - 29 листи потврдени, шест во постапка, утврдена кандидатура и за Скопје

На вториот ден од седницата, денеска (недела, 24 август), Централниот комитет на Единствена Македонија ги разгледуваше и утврди листите за советници и градоначалници за претстојните локални избори на 19 октомври.

Утврдени се 29 кандидатски листи, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет. Донесена е и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Воедно, потсетуваме дека вчера (сабота, 23 август) беа донесени повеќе статутарни одлуки. Избран се членовите на Извршниот комитет а одлучено е секој член на ИК да раководи со Комисија. Извршниот комитет е во состав:

Јанко Бачев - претседател,
Емилија Гелева - меѓународна политика и политички систем,
Вангел Симев - спорт, образование и администрација,
Томе Димишковски - научно-технолошки развој и енергетика,
Евгенија Николовска - грижа за Македонците во соседството и дијаспората,
Атанс Стојанов - земјоделство, шумарство, животна средина и туризам,
Злате Војноски - култура, локална самоуправа, социјална политика и млади,
Милан Јовчески - култура, локална самоуправа, социјална политика и млади,
Вилијам Михајловски Гајда - внатрешна безбедност, одбрана и правда.

За Генерален секретар е избран Милан Јовчески. За Организациски секретар - Томче Јовановски.