Централниот комитет во Охрид донесе клучни кадровски одлуки – Утре листите за локалните избори


23.08.2025 | 20:41:28 | Соопштенија


Централниот комитет во Охрид донесе клучни кадровски одлуки – Утре листите за локалните избори

Централниот комитет на Единствена Македонија на 23 и 24 август во Охрид ја одржува редовната седница.

Како највисоко раководно тело на партијата меѓу два конгреса, Комитетот два дена ќе носи важни одлуки.

На првиот ден (сабота, 23 август) Централниот комитет донесе неколку статутарни одлуки од своја надлежност. Извршниот комитет е утврдено да брои девет члена а членовите на Извршниот комитет да раководат со Комисија на Единствена Македонија.

Во составот на Извршниот комитет се:

Јанко Бачев-престедател на Извршниот комитет;

Емилија Гелева – член на Извршниот комитет која ќе раководи со Комисијата за меѓународна политика и политички систем;

Вангел Симев – член на Извршниот комитет кој ќе раководи со Комисијата за спорт, образование и администрација;

Томе Димишковски – член на Извршниот комитет кој ќе раководи со Комисијата за научно-технолошки развој и енергетика;

Евгенија Николовска – членка на Извршниот комитет која ќе раководи со Комисијата за грижата за Македонците во соседните земји и странство;

Атанс Стојанов – член на Извршниот комитет кој ќе раководи со Комисијата за земјоделство, шумарство, развој на селото, животна средина и развој на туризмот;

Злате Војноски – член на Извршниот комитет кој ќе раководи со Комисијата за финансии, транспорт и стопанство;

Милан Јовчески член на Извршниот комитет кој ќе раководи со Комисијата за култура, локална самоуправа, социјална политика и млади;

Вилијам Михајловски Гајда – член на Извршниот комитет кој ќе раководи со Комисијата за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници.

Централниот комитет за Генерален Секретар го избра Милан Јовчески а за организациски секретар Томче Јовановски.

Утре (недела, 24.08) на вториот ден од работата Централниот комитет ќе расправа за утврдување на кандидатските листи за советници и градоначалници за претстојните локални избори што треба да се одржат на 19 октомври.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 23 август 2025 година