Од национална држава до збирштина на заедници - 24 години од капитулантскиот рамковен договор


13.08.2025 | 22:25:23 |


Од национална држава до збирштина на заедници - 24 години од капитулантскиот рамковен договор

Денешниот 13 август претставува тажен и тежок ден за Македонија. На овој ден во 2001 година, со потпишувањето на рамковниот договор, државата престана да функционира како вистинска национална држава и се претвори во збир на заедници. Од сите нив, единствено Македонците останаа без сопствена национална држава, за разлика од другите заедници кои имаат свои матични земји.

На рамковниот договор често му се придава историско значење кое не одговара на реалноста. Но јавноста сведочи дека на неговата годишнина владее молк и отсуство на народно чествување. Во Македонија нема прослави, нема радост на 13 август - ден кој формално се претставува како „историски“, но кој за многумина носи горчина, а не гордост.

Прашањето останува: што навистина има да се слави? Со рамковниот договор Македонија ја загуби позицијата на држава изградена на концептот на национална држава со почитување на малцинските права според меѓународните стандарди.

За македонската национална свест, рамковниот договор и понатаму претставува длабока историска траума. Затоа, сите патриотски и државотворни сили имаат света обврска да се залагаат за негово поништување и за враќање на Македонија кон изворните илинденски и асномски принципи.

Единствена Македонија јасно и недвосмислено порачува: ние сме во политиката за да ги поништиме сите штетни договори кои се против интересите на македонскиот народ и држава. Македонија е нашата татковина и нашиот дом и како што се бориме за сопствениот дом, така ќе се бориме и за нашиот народ и држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 13 август 2025 година