Единствена Македонија до бугарските власти: Не ви вреди негаторската судска одлука за клубот Никола Вапцаров - Македонската нација е вечна и непобедлива


11.08.2025 | 12:35:40 | Соопштенија


Единствена Македонија до бугарските власти: Не ви вреди негаторската судска одлука за клубот Никола Вапцаров - Македонската нација е вечна и непобедлива

Единствена Македонија најостро ја осудува вчерашната одлука на бугарските надлежни органи со кои Македонкиот културен клуб во Благоевград „Никола Јонков Вапцаров“ го оценуваат како антибугарска манифестација.

Што е најскандалозно, во своите одлуки бугарските органи продолжуваат со негаторската теза дека македонската нација била вештачки создадена.

 Единствена Македонија им порачува на бугарските власти дека ништо повеќе не им вреди кога станува збор за Македонците. Светот се менува, се менува и Европа. Никој повеќе не може да ги запре Македонците кон својата цел. Процесот за Македонците е тргна храбро, решително и ништо повеќе не може да го запре.

За волја на вистината да кажеме дека проблемите со Бугарија не ги прави бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло туку проблемите доаѓаат од македонските јаничари во Софија кои не издржале во историјата а кои и во минатото и сега вршат највисоки државни функции во Бугарија.

Македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ беше отворен на 30 октомври 2022 година. На настанот присуствуваше и делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 11 август 2025 година