24 години од трагедијата кај Љуботен - Мора да има одговорност, постојат докази


10.08.2025 | 13:16:42 | Соопштенија


24 години од трагедијата кај Љуботен -  Мора да има одговорност, постојат докази

Контроверзното загинување на македонските бранители во 2001 година и натаму останува неразјаснето. Ниту еден државен орган досега не спроведе целосна истрага за вистинските околности на загинувањето на бранителите кај Љуботен, како и кај Карпалак и Вејце, каде што македонските војници беа пратени во заседа и загинаа.

Особено е важно што загинувањето на осуммината резервисти кај Љуботен се случи во период кога веќе беше прогласено примирје и прекин на огнот. Воен камион на Армијата на Република Македонија, кој се движеше кон караулата во Танушевци, нагази на две противтенковски мини поставени од терористичката УЧК.

За Единствена Македонија нема дилема – загинувањата на македонските бранители мора да се расчистат. Истражувањето може да се изведе лесно, бидејќи македонската тајна полиција поседува оперативни документи во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА и настаните поврзани со овие трагедии – се вели во соопштението на Единствена Македонија.

На 10 август 2001 година загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Центар за комуникации на Единствена Македонија 
Скопје, петок, 10 август 2025 година