Јовче Ангеловски е избран за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Илинден


27.08.2024 | 20:30:24 | Соопштенија


Јовче Ангеловски е избран за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Илинден

Согласно одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за избор на претседатели во сите општински комитети на партијата со нов мандат од 4 години во смисла на член 37 од Статутот на партијата, на редовното изборно собрание кое се одржа во општина Илинден во недела, 19 август 2024 година, од страна на членовите на Единствена Македонија за општина Илинден беше избран новиот Општински комитет на Единствена Македонија Илинден. 

Извршниот комитет на Единствена Македонија врз основа на член 24 став 7 алинеа 3 од Статутот на Единствена Македонија на седницата одржана на 23 август 2024 година донесе Одлука за потврдување на изборот на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Илинден.

За претседател на Општинскиот комитет Илинден со мандат од 4 години повторно беше избран Јовче Ангеловски кој и во претходниот мандат ја извршуваше функцијата претседател на Општинскиот комитет Илинден. 

Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борбаПриклучи се на Единствена Македонија и биди на правата страна на историјата. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. 

Приклучи се на Единствена Македонија!  
Единствена Македонија - Цела Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 27 август 2024 година.