Бачев: Неколку битни факти за парламентарните избори 2024


16.06.2024 | 14:28:00 | Соопштенија


Бачев: Неколку битни факти за парламентарните избори 2024
Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, 16 јуни 2024 година.
-„Изборите завршија и сметав за бескорисно да коментирам, но, изненадувачки добив многу пораки за мислење и за нашиот незадоволителен резултат. Затоа (можеби задоцнето), но, сепак, коректно е накратко да прокоментирам за изборите.
Изборите како и досега се одржаа под неправедни услови бидејќи останатите партии во старт имаат системски предности, клучни за изборите, а поради следното:
Прво, Единствена Македонија доби 3 (и со зборови: три) секунди за разлика од другите партии кои добија цели видеа со долги минутажи на телевизиите во дваесетдневната кампања. А ќе се согласиме дека медиумската кампања е (нај)битна за изборите.
Второ, партиските претставниции на кутиите каде се бројат гласовите добија дневница и беа платени од буџетот, а доколу ние во Единствена Македонија сакавме да ставиме набљудувачи на 3.600 избирачки места требаше сами да ги платиме а се работи за големи средства од околу 500.000 евра. Овој момент е битен, не за џабе се вели дека не е битно гласањето туку броењето на гласовите.
Трето, по пријателска линија од една општинска изборна комисија добивме фрапантен податок дека на избирачките места се кратела по една бројка од нашите гласови, односно, ако наш кандидат на некое избирачко место имал, на пример, сто гласови, запишувале 10, што и не било тешко бидејќи немавме набљудувачи од причини истакната погоре. Несфатливо и вон здрава логика е наш кандидат за пратеник кој како матичен доктор има 3.000 пациенти да добие стотина гласови во општина со 50.000 гласачи. Еве јас, а верувам и многумина размислувате исто, ако би бил обичен гласач би го гласал мојот матичен лекар доколку го видам на билборд/флаер.
Четврто, исто така, добивме забрана за водење на спонзорирана/платена кампања и на фејсбук по налог на т.н. проверувачи на факти од „Вистиномер-Метаморфозис“. Овие т.н. проверувачи на факти не одоборија во кампањата ниту еден наш пост за спонзорирање оти имаат овластување од централата на Фејсбук да забрануваат, а исто така и да ги филтрираат нашите постови за да имаат помала гледаност. А во кампањата на фејсбук можевте кај сите партии во нивни објави да видите „спонзорирано“ и да си водат без проблем платена политичка кампања на фејсбук. Значи, Единствена Македонија беше единствената партија со целосна блокада и на медиумите и на социјалните мрежи.
Е сега некој ќе рече не се жали, но, не се жалам само давам некои битни факти. Се разбира, немам намера да ја проблематизирам победата на ВМРО-ДПМНЕ која беше убедлива и нека им е честито, а на СДСМ им посакувам да бидат силна опозиција и да разберат дека треба да изберат раководство кое ќе работи во интерес на Македонија и Македонците а не во интерес на странците.
Да се навратам на почетокот. Бескорисно е било што да се коментира и оттука не напишав ниту збор по изборите, а во услови кога ОБСЕ/ОДИХР излегоа и рекоа изборите беа фер, слободни, праведни и демократски, иако, според мене, изборите во Македонија како и досега, се одржуваат под неправедни услови“.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 16 јуни 2024 година.