На запад ништо ново, на Медитеранот вруќо


26.07.2024 | 13:56:20 | Колумни


На запад ништо ново, на Медитеранот вруќо

Веб колумна, Единствена Македонија
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар
Скопје, петок, 26 јули 2024 година

Сведоци сме на  воружените судири помеѓу ИДФ (војската на Израел) и прокси сојузниците на Иран како што се ХАМАС, односно, БРИГАДАТА АЛ КАСАМ, како и ИСЛАМСКИ ЏИХАД, но, и нивното Ирачко крило, надополнето со тензиите  на релација Израел и Либански ХЕЗБОЛАХ, како и пиратските активности на Хутите против легитимната меѓународна поморска трговска активност.

Меѓутоа, додека беснеат овие кофликти,паралелно се интензивираат активностите на Израел, нашиот јужен сосед и Кипар,со поставувањето на подморски во делот на Медитеранот, енергетски кабел како интер конектор(само делот од Крит до Кипар е 900 км, инвестиција вредна 1.9 милијарди евра) за поврзување на електро мрежите на трите земји.

Ова е од особена важност за Израел, додека нашиот јужен сосед со оваа тројна оска сака да воспостави баланс во источниот медитеран наспроти Турција,  особено по наодите дека Турција врши подводни испитувања,со цел, во ексклузивната економска зона на Турција на Медитеранот да почнат со работа наоѓалишта на природен гас и секако по најавата на претседателот Ердоган на прославата 50 години Република Северен Кипар, дека се размислува за воспоставувањето на воена база на северот од поделениот медитерански остров.

Во САД, по одлуката на Бајден да се повлече од трката за втор мандат, после обидот за атентат врз поранешниот претседател Трамп, рекордно се зголеми неговото нето богатство за 1 милијарда УС Долари,  а воедно, рекордно ниво достигнаа и донациите од републиканските донатори за неговата кампања во која изјави дека Харис од позиција на потпретседателка на САД е послаб кандидат дуру и од заспаниот Џо, иако „Ројтерс“ излезе со анкета во која Камала Харис води со 44 % наспроти 42% на Трамп.

Но, покрај жештината во реториката, значајно е да се нагласи трендот nа политичко насилие за кое неодамна говореше и српскиот претседател Вучиќ, а кое се рефлектира со два обиди за атентати врз врвни носители на политичка власт, едниот врз премиерот на Словачка, Фицо, а другиот врз Трамп.

Двата обида за атентат во период од неполни два месеци, две личности кои се експоненти на националните политики, наспроти глобалните неолиберални, самоизбрани елити, поддржани од Сорос. Заедничко за двата случаи на политичко насилие и обид за атентат е длабоката поделеност која владее во САД и во Словачка, односно непомирливоста на двата табори, од една страна глобалистите од центарот и левицата, наспроти нив, десницата која се залага за силна национална држава.             

Во Австрија пак, по падот од власта на канцеларот Курц од ОВП и коалициската екстремна слободарска партија ФПО во 2021 година, на власт е повторно десницата (овојпат без екстремните ФПО) преку ОВП од редот на ЕПП и канцеларското место му припадна на Шалемберг во 2021, за потоа да биде наследен од Карл Нехамер исто така од ОВП.

За нас е битна информацијата дека Австрија заедно со неколку земји од централна Европа е дел од мисијата на „Фронтекс“, со цел, спречување на  нелегалните мигрантски токови кон ЕУ, што е важно политичко прашање во тие земји. Значи, активни се на нашата јужна и северната граница на интегрираниот граничен премин „Табановце“, но, и на надворешната граница измеѓу ЕУ и Србија.

До властите во Австрија и до други земји од ЕУ стигнаа барањата на нашата нова влада за помош во спречувањето на ширењето на пожарите, околу триесетина на број, што беснееја изминативе 2 недели, заради  рекордно високите температури што го зафатија нашиот регион. Но, вообичаено, помош стигна од комшиите и пријателски држави, Србија, Црна Гора, Хрватска и Турција, кои се одзваа на апелите за помош во гаснењето со нивни воздухоплови.

Додека врват инвестициските циклуси во Србија (особено во контекст на плановите за ЕКСПО 2027 во „Сурчин“) изразено во 4,5 милијарди евра како и забележителната економска активност на новата македонска влада, се интензивираа состаноците за повторно воспоставување на железничка линија помеѓу Скопје и Белград, по таканаречена брза пруга за возови со брзина од 160 км на час.

Со европски пари од Фондот за брз развој на регионов треба етапно да се реновира, обнови и доизгради пругата во делниците Ниш обиколница до Брестовац, понатаму од Брестовац преку Грдиличка клисура (120 км на час) до Прешево ке се спои со македонската страна, која, исто така, наметнува реновирање и обнова.

Во тако случај, патувањето со воз низ коридорот 10 би продолжило до Скопје, односно,  до Гевгелија, Солун  и Атина. Конкретно, тоа значи дека патувањето од Ниш до Белград би траело стотина минути а од Белград до Будимпешта нешто над 2,5 часа, или, севкупно, од Ниш до Будимпешта околу четири часа. Значи, удобно, брзо и лесно патување до срцето на Централна Европа, а тоа се Будимпешта и Виена.