м-р Томислав Јовановски е нов организациски секретар на Единствена Македонија


02.06.2024 | 13:03:00 | Соопштенија


м-р Томислав Јовановски е нов организациски секретар на Единствена Македонија

Извршниот комитет на на Единствена Македонија, на редовната седница одржана на 02.06.2024 година расправаше за изборниот настап на партијата на Парламентарните избори 2024 како и за Кампањата што ја водеше партијата како дел од Националниот Блок „Македонија Бојкотира марионета за претседател“ и притоа беа донесени соодветни заклучоци.

Исто така, Извршниот комитет за нов организациски секретар на Единствена Македонија и шеф на кабинет на претседателот на партијата го избра м-р Томислав Јовановски, магистер и дипломиран елекро инженер по електроенергетика, управување и менаџмент.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 2 јуни 2024 година