Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица


01.05.2024 | 12:49:53 | Соопштенија


Бачев  го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Честитка, Единствена Македонија  
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија   
Скопе, среда, 1 Мај 2024 година

-„Во име на Единствена Македонија и во свое лично име дозволете ми најпрво да ви го честитам 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот и истовремено да ја споделам тажната слика со работниците кои во изминатите 30 години се ограбени, понижени и најсурово опљачкани.

Коренот на злото за работниците е во македонската криминална, неправедна и неморална приватизација што ја направи СДСМ а во која одбрани транзициски бандити бесплатно си го присвои општествениот капитал кој 45 години наназад го создаваа сите работни  луѓе во социјализмот.

Во криминалната приватизација се опљачка општествениот капитал од околу 5 милијарди тогашни германски марки, а околу 200.000 работници останаа на улица. Дополнително, транзициските бандити на СДСМ во тоа време украдоа уште 2 милијарди германски марки од шверцот на нафта за време на ембаргото на Обединетите нации спрема тогашната Сојузна Република Југославија.

 Овој грабеж на работниците е документиран во Службата за државна безбедност во рамките на Оперативните акции „Трансформација“ и „Монета“, меѓутоа, три децении останува закочен во фиоките на тајната полиција.

Грабежот на народот продолжи и во постприватизацискиот период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ а грабежот се спроведува и во годините на владеење на СДСМ со Зоран Заев и сега со Димитар Ковачевски во услови кога марионетската власт во Скопје плива во беззаконие, криминал, корупција и национално предавство.

Со еден збор, 30 години властите во земјата лажат, крадат и ја растураат државата.

И не случајно носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот.

Работниците заслужуваат подобро. Но, ова е можно само ако биде исправена историската неправда со бесмилосниот грабеж на работниците. На овој план, Република Македонија мора да го изоди уште еднаш патот од 1991-та.

Затоа, Единствена Македонија не дава празни ветувања. Единствена Македонија ќе расчисти со приватизациските и постприватизациските бандити кои ги опљачкаа работниците, храбро, решително и во интерес на работниците. Со ревизија на приватизацијата и постприватизацијата укрденото мора да се одземе и да се врати на народот“ - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 1 Мај 2024 година