Единствена Македонија и Сојузот на пензионери на средба во Прилеп со прилепските пензионери за законите за ПИО и здравство


03.02.2024 | 23:43:00 | Соопштенија


Единствена Македонија и Сојузот на пензионери на средба во Прилеп со прилепските пензионери за законите за ПИО и здравство

Единствена Македонија и Сојузот на здруженијата - пензионери за достоинствен живот во Прилеп имаа средба со прилепските пензионери на која се разгледуваа чекорите и идните актиности кои треба да доведат до усвојување на закон за пензиско и инвалидско осигурување со кој трајно и систематски се решава проблемот со пензионерите.

Да потсетиме, на 15 ноември лани Единствена Македонија и Сојузот на пензионери - пензионери за достоинствен живот во Собранието поднесоа два закони: за пензиското и инвалидското осигурување и за здравственото осигурување кои овозможуваат целосно решавање на прболемот со пензионерите.

Но, за жал, законот остана закочен во собраниските фиоки и ниту еден од 120 - те пратенции не го стави на дневен ред. Затоа на средбата, општа беше согласноста дека пензионерите размислуваат за изнаоѓање механизми директно да одлучуваат за решавање на проблемите на пензионерите после изборите.

По одржаната трибина во Битола минатата недела како и и најновата во Прилеп, Единствена Македонија и Сојузот на здруженијата на пензионери - пензионери за достоинствен живот продолжуваат со договорените трибини низ Македонија. 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 3 февруари 2024 година