Единствена Македонија: Знаат ли македонските шпионски служби дека т.н. француски предлог е пишуван во Мала Речица од ДУИ и бугарски дипломати


05.02.2024 | 11:17:31 | Соопштенија


Единствена Македонија: Знаат ли македонските шпионски служби дека т.н. француски предлог е пишуван во Мала Речица од ДУИ и бугарски дипломати

Постои шокантна информација за уште една антимакедонска активност. Т.н. француски предлот“ во кој е даден дополнителен услов од ЕУ за ставање шака Бугари во македонскиот Устав бил пишуван во Мала Речица од ДУИ и бугарски дипломати и не претставува никаков предлог на Париз како што беше јавно кажано.

Од страна на ДУИ нема никаков демант и затоа се наметнува заклучокот дека информацијата е вистинита. Но, нема демант ниту од македонското МНР, владата, Собранието. Исто така, нема никаква реакција ниту од фигурата Стево Пендаровски, кој, прво рече дека тој немал поим за францускиот предлог а по кратко време да се пофали дека тој го составувал заедно со Макрон овој „француски предлог“ за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Се наметнува и прашањето што работат македонските безбедносни служби и како се дозволува бугарски дипломати и ДУИ да пишуваат ваков штетен документ за македонските национални интереси.

Единствена Македонија ветува дека новата народна власт која доаѓа, се навестува, ќе го даде одговорот спрема домашните марионети и нивните странски газди.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 5 февруари 2024 година