Единствена Македонија и Сојузот на пензионери започнуваат од Битола средби со пензионерите за законот за ПИО


25.01.2024 | 13:25:42 | Соопштенија


Единствена Македонија и Сојузот на пензионери започнуваат од Битола средби со пензионерите за законот за ПИО

Единствена Македонија и Сојузот на здруженијата - пензионери за достоинствен живот синоќа од Битола започнаа со средби со пензионерите на кои се разгледуваат чекорите и идните актиности кои треба да доведат до усвојување на закон за пензиско и инвалидско осигурување со кој трајно и систематски се решава проблемот со пензионерите.

Да потсетиме, на 15 октомври лани Единствена Македонија и Сојузот на пензионери - пензионери за достоинствен живот во Собранието поднесоа два закони: за пензиското и инвалидското осигурување и за здравственото осигурување кои овозможуваат целосно решавање на прболемот со пензионерите.

Но, за жал, законот остана закочен во собраниските фиоки и ниту еден од 120 - те пратенции не го стави на дневен ред. Затоа на средбата, општа беше согласноста дека пензионерите размислуваат за изнаоѓање механизми директно да одлучуваат за решавање на проблемите на пензионерите после изборите.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 25 јануари 2024 година