Слободан Митровски избран за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Новаци


05.04.2023 | 18:08:00 | Соопштенија


Слободан Митровски избран за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Новаци

Согласно одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за избор на претседатели во сите општински комитети на партијата со нов мандат од 4 години во смисла на член 37 од Статутот на партијата, вечерва во Новаци, среда, 05 април 2023 година, за претседател на Општинскиот комитет Новаци е избран Слободан Митровски. 

Единствена Македонија е последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. 

Приклучи се на Единствена Македонија и биди на правата страна на историјата. Непријателите на македонското дело силно ќе бидат изненадени од успехот на Единствена Македонија на следните избори.

Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот. Продолжуваме, со народот за Македонија!

Приклучи се на Единствена Македонија!  
Единствена Македонија - Цела Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 05 април 2023 година