Бачев: Чудата се возможни, на крај Македонија ќе победи, историска богослужба во С’ботско, Егејска Македонија во македонска црква и на македонски јазик


27.10.2022 | 14:49:58 |


Бачев: Чудата се возможни, на крај Македонија ќе победи, историска богослужба во С’ботско, Егејска Македонија во македонска црква и на македонски јазик

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
С’ботско, Егејска Македонија, 26 октомври 2022 година

Браќа Македонци и сестри Македонки,

-“Голема  е мојата радост денеска и возбуда што сум во С’ботско во Егејска Македонија, во единствената македонска црква во Егејска Македонија.

Дојдов денеска тука да оддадеме почит, да го одржуваме жив споменот на македонската светица и маченица, Света Злата Мегленска.

Св. Злата Мегленска храбра Македонка во 1795 година била убиена, поточно обесена од страна на аскерот за време на турското владеење на овие простори во нејзината борба за одбрана на нацијата Македонска и верата православна.

227 години подоцна од погибијата на Св. Злата Мегленска, ние Македонците сеуште сме изложени пред силен предизвик да ја браниме нашата македонска кауза.

Денес, и ние во Република Македонија имаме инсталирано власт од странство, марионетска власт со задача да избрише име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ.

Меѓутоа, мои Македонци и Македонки, добрата работа е што работите се менуваат, ѕидовите се рушат.

Еве, денеска јас сум тука во Егејска Македонија, во наша македонска православна црква, денес сум во друштво на Македонци од сите делови на Македонија, сите ние денес тука зборуваме на македонски јазик, а Отецот Никодим Царкњас одржа богослужба на македонски јазик.

Затоа, нашата борба продолжува. Мора да го живееме македонскиот сон. Од ова свето место порачувам дека чудата се возможни. На крај, Македонија ќе победи.

Јас можам лично да се заветам од мое име и од име на Единствена Македонија дека никогаш нема да ја предадаме крвта на илјадници храбри Македонци и Македонки кои го дале животот за нашата горда Македонија. Македонија од предвечност, до вечни времиња. Амин!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
С’ботско, Егејска Македонија, 26 октомври 2022 година