Единствена Македонија: Ќе присуствуваме во Егејска и Пиринска Македонија на празникот Св.Злата Мегленска и отворањето на клубот Никола Вапцаров


25.10.2022 | 12:45:08 | Соопштенија


Единствена Македонија: Ќе присуствуваме во Егејска и Пиринска Македонија на празникот Св.Злата Мегленска и отворањето на клубот Никола Вапцаров

Единствена Македонија ја информира јавноста дека неделава ќе присуствува на два исклучително значајни настани во Егејска Пиринска Македонија.

На 26 октомври (среда) ќе присуствуваме на прославата на празникот Св. Злата Мегленска во С’ботско, Егејска Македонија со што целосно го подржуваме и го прифаќаме повикот на Отец Никодин Царкњаз до Македонците во Република Македонија да дојдат на 26 октомври и заедно со Македонците во Егејска Македонија да го прослават празникот Св. Злата Мегленска, Светата великомаченичка погубена во времето на отоманското владеење во 1796 година.

Исто така, делегација на Единствена Македонија на 30 октомври (недела) ќе присуствува во Благоевград, Пиринска Македонија на отворањето на Македонскиот клуб „Николла Вапцаров“ именуван по славниот македонски поет.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 25 октомври 2022 година