Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување


08.09.2022 | 13:06:13 | Соопштенија


Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 8 септември 2022 година

Претседателот на опозициската партија Единствена Македонија, Јанко Бачев се обрати по повод 8 Септември, Денот на независноста.

-„Денес во Република Македонија е тежок и тажен ден за македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. На 8 Септември денот на независноста, народот е очаен и разочаран од погубните политики на марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар.

Власта со антимакедонските договори со Грција и Бугарија брише се што е македонско. На Грција и ја подари древната македонска историја а сега на Бугарија се подарува македонската средновековна и славната илинденска историја. Се  брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, нацијата, културата јазикот, се откажуваме од Македонците во Пиринска и Егејска Македонија и сето тоа против волјата на народот. На пример, марионетската власт во Скопје кажа „да„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија на референдумот на 30 септември во 2018 рекоа „не“.

На домашен терен, во земјата владее безаконие, криминал и корупција. Власта доживеа целосен пораз на своите политики на домашен и меѓународен план.

Актот на раѓањето на една држава би требало да биде поздравен со манифестации на радост, но, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување. Страшно е да не можеме да се радуваме на еден ваков извонреден настан во историјата на Македонија.

Ветувам дека Единствена Македонија како партија која полага корени во историското ВМРО ќе ја врати Република Македонија на изворните илинденски и асномски принципи од Уставот од 1991 година. 8 Септември не задолжува да ги победиме непријателите на македонското  дело. Кажувам директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиоит народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против непријателите на македонското дело - се вели во изјавата на Бачев по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 8 септември 2022 година

Прес 24

Тајм