Единствена Македонија: Шпионскиот скандал со тајното следење и прислушување на претседателот Бачев штотуку започнува


25.08.2022 | 12:01:44 | Соопштенија


Единствена Македонија: Шпионскиот скандал со тајното следење и прислушување на претседателот Бачев штотуку започнува

Како што е познато во јавноста, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на 3 јуни годинава поднесе барање до Агенцијата за национална безбедност, со цел, добивање на известување за тајното следење и прислушување од страна на АНБ откако дојдовме до материјалите од досието под кодно име „Атлатник“. 

Барањето се темели на членот 51 од Законот за Агенцијата за национална безбедност со кој се дава овластување на АНБ да ги известува поедниците доколку им  е повредено правото на приватност, но, директорот на АНБ иако е во законска обврска да одговори во рок од 30 дена - молчи.

Во меѓувреме, во контакти со патриоти во Службата прашавме дали претседателот Бачев сеуште е под надзор - Одговорот беше: „Да„

За Единствена Македонија овој шпионски скандал штотуку започнува со преземањето на една поактивна улога најмалку на три нивоа: прво, жалба до вторстепениот орган поради молчење на управата бидејќи АНБ во рок од 30 дена не одговори на барањето на Бачев,  второ,  барање до францускиот претседател Макрон да го одбие барањето на агреман за амбасадор во Париз да биде назначен директорот на АНБ кој е предложен од македонската влада, бидејќи следи и прислушува политички неистомисленици во земјата, и трето, запознавање на Комисијата за истраги на ЕУ во Брисел во врска со незаконското следење и прислушување на претседателот Бачев од страна на АНБ.

Единствена Македонија ветува дека ќе ја истера докрај работата со тајното следење и прислушување, не само заради Бачев, туку генерално за сите, бидејќи недозволиво е АНБ да ги следи и прислушува политичките неистомисленици.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 25 август 2022 година