Илинденска честитка од Бачев: Дојдовме еден ден порано, не сакаме утре на ова место да дадеме легитимитет на марионетскиот премиер Ковачевски


01.08.2022 | 15:47:54 | Прес Конференции


Илинденска честитка од Бачев: Дојдовме еден ден порано, не сакаме утре на ова место да дадеме легитимитет на марионетскиот премиер Ковачевски

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 1 аавгуст 2022 година 

-„Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и државјаните на Македонија им го честитам големиот празник Илинден. Во тој спомен денес дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите Македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија.


Денес дојдовме еден ден порано, бидејќи утре тука на ова исто место ќе дојде марионетскиот премиер Димитар Ковачевски. Илинден е премногу важен и ние како македонци, како Единствена Македонија немаме намера да дадеме легитимитет на марионетскиот премиер купен и контролиран од странски центар и функционери кои не се избрани од македонскиот народ со задача да зибришат се што е македонско.

Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во моите бројни средби низ Републиката слушам дека луѓето биле уплашени Но, ако ја изгубиме државата и утре се разбудиме во ново државно-правно уредување, дали албанско, дали бугарско, тогаш мои Македонци и Македонки, ќе се плашите уште повеќе бидејќи ќе живеете во туѓа држава и нема да бидете свои на своето.

Јас знам дека е тешка битката за Македонија, но ние мора да си ја вратиме државата назад. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат.

Да потсетам, не им било лесно и на славните Илинденци. Можел и Никола Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската Република. Можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен. Можеле и Гоце Делчев и Даме Груев и Христо Узунов и Методија Патче да си бидат учители и да не бидат револуционери, да си уживаат со учителска плата и да не одат во планини. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Од ова историско место сакам да порачам, во битката за Македонија, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. Никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија.

Нека е честит и и вечен споменот на Илинден! Да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во изјавата од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на Мечкин Камен по повод празникот Илинден.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 1 август 2022 година