Единствена Македонија: Одговорност за фалсификуваниот попис со кој се руши темелот на државата мора да има, и ќе има


30.03.2022 | 16:25:18 | Пописи


Единствена Македонија:  Одговорност за фалсификуваниот попис со кој се руши темелот на државата мора да има, и ќе има

Единствена Македонија не го признава фалсификуваниот пописен резултат кој денес го објави марионетската власт во Скопје преку нејзиниот потрчко, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Среќе во несреќа е што и фалсификаторите целосно ја промашиле работата бидејќи нивниот фалсификат е видлив и разбирлив за секој нормален човек.

На пример, според објавеното, во странство живеат само околу 75.000 Македонци во услови кога Австралија, САД, Канада... самите велат за неколку стотици илјади Македонци кои се резултат на неколку генерации Македонци уште од време на турското владеење на овие простори кога Македонците започнале да заминуваат во прекуокеанските земји, а стотици илјади Македонци има и по западноевропските држави. Исто така, според објавеното 130.000 резидентно население останува непопишанo, а општо познат факт е дека се работи за Македонци. Има и уште повеќе нелогичности во објавените резултати од кои севкупно може да се изведе аргументот дека и самата марионетска власт несвесно признава дека пописот е неуспешен.

Затоа, мора да има дополнителен попис со кој ќе се преброи населението реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски.

За Единствена Македонија нема дилема. Одговорност за фалсификуваниот попис со кој се руши темелот на државата мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 30 март 2022 година

Медиуми:

Макфакс

24 Инфо

Независен

Прес 24

Мнет

Инфо

Утрински весник

Тајм

Грид