Национален Блок „Не отворам врата“: Не признаваме корумпиран и криминален попис


30.03.2022 | 14:39:57 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Не признаваме корумпиран и криминален попис

Националниот Блок „Не отворам врата“, денес, среда, 30 март 2022 одржа прес конференција во врска со пописот 2021 во Република Македонија.

Во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ Вангел Божиноски рече:

Почитувани Македонци,    
Почитувани граѓани на Македонија,        
Почитувани медиуми

12 месеци во континуитет Националниот Блок “Не отворам врата“ во кој се обединети 30 ентитети како политички партии, друштва и здруженија од Македонија и Македонци од странство (Европа, Америка, Канада и Австралија) се обидува, да обрне внимание на еден преседан во современоста кога е во прашање пописот на населението и имотите на една држава.

Секој писмен човек на светот се согласува дека оваа информативна подлога е најважниот инструмент за предвидување и обезбедување на сигурност, мир и просперитет на секоја организирана целост и лична карта преку која секој ентитет може да се претстави, препознае и да биде прифатен во играта на светот и животот.

13  месеци во континуитет преку разни форми на јавен настап, Националниот блок “Не отворам врата“, ја информираше јавноста дека станува збор за несериозно, коруптивно, сватена операција која според  алгоритамот вграден во неа, нема шанси да донесе вистински информации за личната карта и капацитетите на Македонија, а со тоа и не смее да се користи како релевантен документ за создавање на какви и да е проекции за развој во ниедна сфера на економијата, културата, спортот, науката и образованието.

Низ овие 12 месеци постојано следење на активностите на директорите на  ДЗС (Државен завод за статистика), мораме да го смениме наративот  “несериозно, коруптивно, сватена операција“!

Според најновите дедукции, пописот 2021 не е “несериозно, коруптивно сватена операција“, напротив, пописот 2021 е многу сериозно сватена коруптивна операција!

Да се обидеме да го изведеме доказот:

Прашање: дали пописот 2021 е започнат набрзина, без подготвени попишувачи и со многу погрешни поставки во законската и методолошката експликација .....не! Пописот 2021  започна најмалку во 2019 г. во  управата за водење матични книги (раководена од владата на ДУИ) каде државната ревизиона комисија утврдила кусок на 94.451 изводи за кои нема документ ни за платена такса. Понатаму утврдено е издавање на 21.957 погрешни изводи. Управата не водела евиденција по сериски број на изводот и не водела евиденција за вкупно набавени и вкупно издадени изводи. Понатаму, 42% од евидентираните барања се процесуирани без доказ за лицето што лично поднело барање за извод. Понатаму 11% од евидентираните барања за извод за умрени се без доказ дека барателот имал крвно сродство со покојниот?!..и...никој не побарал одговорност за ваков тежок престап на државната служба!?

Прашање: дали законот за попис кој е изгласан во време на висок ризик поради пандемија е законски заснован?....НЕ! Според правните експерти законот за попис ги повредува членовите 251, 353, 361, 368, 378, 379 од Кривичниот законик на РМ, вклучувајки ги и подточките “а“, “б“ кај некои од погорните членови...и..апсолутно не!  Никој со разум за заштита на населението не прави попис среде епидемија. Ова е директно кршење не само на уставот на Македонија туку ова е против сите устави и демократии на светот!

Прашање: дали смее да се прифати попис кој тврди дека нашата македонска дијаспора има само 80 000 Македонци кога пресметките кои важеа како податок во СФРЈ кога за тоа беше одговорен другарот Ахил Тунте беа дека има 300.000, а пресметките според кои работи Радио Македонија се дека надвор од Татковината има околу 5.000.000 Македонци!

Одговор: апсолутно НЕ! Оваа смешна бројка само покажува каква катастрофална е несериозноста со која се изведува пописот.

Прашање: дали методологијата според која се применува законот за попис 2021 е фалсификат....ДА. Во воведот на методологијата како државно издаден документ се запишани груби повреди на историската вистина за Македонија. Стои реченица дека сите евидентирани пописи во архивите по втората светска војна се направени од правно неоформената држава Северна Македонија!? Северна Република Македонија е синтагма врз правна подлога која се користи само за корумпираниот попис 2021!!!

Прашање: дали пописот беше покриен со соодветен број попишувачи и дали попишувачите беа со потребен и доволен опит за задачата?.....НЕ!  Од моментот на донесувањето на законот за попис 2021 до почетокот немаше ни теоретско време за обука! Таквиот временски теснец беше проектиран од владата на ДУИ Заев за бројката на  попишувачи кои ќе недостасуваат да се надополни со партиски послушници кои ке бидат наградени од буџет кој има 9 знаменкаст број: 522 751 000 денари! За да не им биде тешка работата на попишувачите  ДЗС објави “електронски попис“, но во праксата прифати само евидентирање на матичниот број без документи за идентификација, а за странство  можност да се попишат и деца кои инаку немаат право да бидат попишани бидејки се родени во земја со закони кои не го дозволуваат тоа.

Попишувањето он -лајн е уште една од богатите модалитети за корумпиран попис. Кај таа варијанта он-лајн потписот не треба да има верификација за веродостојност. ...и...за да им биде полесна работата на попишувачите: тие не се обврзани  да им дадат  на граѓаните потврда за текот на попишувањето и копија од документот во хартиена форма со соодветен печат....и... не треба да бидат по двајца на реон ..и не треба ни еден,,,доволно е некој кој ги познава луѓето во реонот да ги собере личните карти и да каже како што треба кај соодветниот попишувач пропишан од дуи заев....најкреативна епизода во пописот 2021, сепак ( она другото сме го виделе порано) е иноваторството на дуизаев кое веке има патентирано име: “лице што најмногу го познава“. Кога ја истраживме оваа правна формулација го добивме овој одговор од Уставниот суд: лице што најмногу го познава е секое лице кое при доаѓањето на пописната комисија ке го има само бројот на личната карта од  “отсутното лице“ !! ...и не мора да се евидентира етнос, јазик и вероисповед?!

Почитувани....содржиме множество неверојатни поединости и формулации кои ја отсликуваат само сенката на оваа долго подготвувана измама. Но да се задржиме на некои технички аспекти.

Прашање: зошто е ангажирана странска бугарска софтвер компанија кога нашите софтвер фирми се меѓу најценетите во светот? Нема попис во светот кој скапоцените податоци без пари ги нуди на друга држава. ...патем: зошто софтверот два пати падна додека траеше пописот? Зошто директорот на Заводот за статистика Атанас постојано се закануваше со глоба, затвор  без правна покритие користејки ги медиумите? Зошто законот ја укина стандардната  државна изборна комисија и на тоа место постави сам 2 партиски послушници на дуизаев.

Почитувани, имаме пред нас потребна и доволна аргументација да изјавиме дека не го признаваме овој корумпиран и криминален попис. ...се извинувам: оваа корумпирана спогодба ДУИ-Заев....и..има една загатка (ова ќе биде предизвик за езотеричната литература)..има една загатка, која го прави интересен овој алгоритам кој сигурно без грешка доведува до антипопис кој не може да послужи за никакво ништо.

В н и м а н и е !!!!!!!!!!!!

Во крајниот заклучок на методологијата стои децидно :

Доколку не е задоволен еден од двајцата (директорот на ДЗС  и  заменикот директор на ДЗС) (кои се назначени партиски послушници на Заев и ДУИ) пописот нема да важи??!!

Внимание!!  Сеуште не сме го поставиле прашањето:  Што се случи со залудно потрошените 523 000 (милиони)денари ?????????????

 На 30 март 2022 во 13,30 часот....ако се зберат знаменките на бројот по ка -балистички  се добива 2....*(види во кабалата)

Националниот Блок “Не отворам врата“, во име на македонскиот народ, во име на граѓаните на Македонија, во име на вистината која е единствена порта што води кон слобода не го признаваме овој корумпиран попис, го сметаме за апсолутно погрешен појдовен ресурс за какво и да е планирање на подобра сегашност, го сметаме за потполно неточна слика за Македонија  како најстар геополитички ентитет во светот. Нашата анализа на пописот е доставена до амбасадите на членките во Советот за безбедност на ОН.

Благодариме!          

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 30 септември 2022 година