Национален Блок „Не отворам врата“: Пописот падна, Симоски потврди дека 300.000 Македонци во дијаспората не се попишале


27.12.2021 | 17:41:14 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Пописот падна, Симоски потврди дека 300.000 Македонци во дијаспората не се попишале

Директорот на Заводот за статистика со објавениот податок дека 300.000 македонски државјани во дијаспората не се попишале, всушност потврди дека Македонците во странство го послушаа повикот на Националниот Блок „Не отворам врата“  за масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис.

Националниот Блок „Не отворам врата“ веќе излезе во јавноста со податок дека од 194.990 попишани граѓани во странство, дури 182.630 не се Македонци со што стана јасно дека во странство се попишуваат само Албанци организирани од албански политичари во земјата.

Поточно, на 23 март годинава ја запознавме јавноста дека вицепремиерот Артан Груби на средбите во Тирана со Еди Рама и Илир Мета договорил ангажирање на албанската шпионска служба да помага во собирање на матични броеви на Албанци во странство и да ги запишат во пописот. За таа цел, паралелно Артан Груби и Бујар Османи во тоа време на неколку пати беа во Швајцарија и Германија каде има поголема албанска дијаспора со цел собирање на матични броеви.

Како и да е,, Националниот Блок „Не отворам врата“ изразува голема благодарност до 300.000 Македонци во странство кои не се попишаа а кое нешто го потврди и Симовски во синоќешната изјава за медиумите во Македонија.

За Националниот Блок „Не отворам врата“ нема дилема. Пописот е неуспешен со што и покажавме на марионетската власт во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис. Пописот паѓа сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во странство нема Македонци а има само Албанци, со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски ќе го преброи населението.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, понеделник 27 декември 2021 година