Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, бугарската апликација со која се врши попишување првин се праќа во Софија а после во Скопје - не се попишувајте


15.09.2021 | 13:21:25 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, бугарската апликација со која се врши попишување првин се праќа  во Софија а после во Скопје - не се попишувајте

Националниот Блок „Не отворам врата“ заедно со македонскиот народ изразува шокираност и неверување од вчерашното обелоденување на точната бројка на 72 попишани Бугари на пописот во Македонија од страна на поранешен бугарски дипломат во САД.

Бројката како бројка е одлична и само го потврдува фактот дека во Македонија нема Бугари и дека проблемот не е бугарскиот народ кој е горд на своето монголско-татарско потекло туку проблемот се македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

Но, крајно опасно и загрижувачко е што во Бугарија веќе ги имаат бројките за македонскиот попис иако марионетската власт во Скопје убедува дека базите со податоци за пописот се затворени и недостапни до крајот на пописот.

Се потврди сомневањата на Националниот Блок „Не отворам врата“ уште од 3 март за бугарската фирма која со своја електронска апликација го попишува населението во земјата и странство и дека податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје.

Ова е недозволиво и неприфатливо за суверена и самостојна Република Македонија а дотолку повеќе што со ова се загрозуваат и безбедносните интереси на државата.

Националниот Блок „Не отворам врата“ го реафирмира повикот за сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.

Затоа Националниот Блок „Не отворам врата“ повикува на непопишување, а овој скандал со бугарската фирма е уште една потврда да не се излегува на пописот.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 15 септември 2021 година