Национален Блок „Не отворам врата“: Во првите десет дена имаме одличен резултат, попишани околу 200.000, Македонците дома и во странство масовно не се попишуваат


14.09.2021 | 13:24:46 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Во првите десет дена имаме одличен резултат, попишани околу 200.000, Македонците дома и во странство масовно не се попишуваат

Националниот Блок „Не отворам врата“ ја известува јавноста дека во првите десет дена од пописот дома имаме одличен резултат.

Македонците дома масовно го прифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 5 септември кога почна пописот во Македонија, досега се попишани околу 200.000 лица од кои дури 80 отсто не се Македонци.

Иста е ситуацијата со пописот и во странство. Заклучно со денес, 14 септември, на апликацијата на Заводот за статистика се самопопишани 194.990 граѓани. Од нив 182.630 не се Македонци.

Веќе станува јасно дека на пописот што сега се спроведува и дома и во странство се попишуваат само Албанци организирани од албански политичари во земјата.

Пописот стана еднонационален. Го повикуваме народот и дома и во странство да продолжи да го следи планот на Националниот Блок „Не отворам врата“, да го направиме пописот неуспешен со што ќе и покажеме на марионетската власт во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис.

Затоа сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски ќе го преброи населението.

Не отворајте врата, не се попишувајте и не се плашете од казни. бидејќи власта лаже, нема казни. Заштитата на домот е уставна категорија и никој не може да ви влезе дома ако не му отворите. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено само со судска одлука а попишувачите немаат такво нешто.

 

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, вторник 14 септември 2021 година