Национален Блок „Не отворам врата“: Да излеземе масовно на 25 април, да и покажеме на власта што мисли народот за осудата на уставобранителите


21.04.2021 | 12:44:09 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Да излеземе масовно на 25 април, да и покажеме на власта што мисли народот за осудата на уставобранителите

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 21 април 2021

Почитувани,

Како што е познато во јавноста Извршниот комитет на Единствена Македонија на седницата од 11 април донесе одлука да го подржи народниот собир што ќе се одржи во недела на 25 април за слобода на осудените за настаните од 27 април 2017 година.

Денеска имам задоволство дас оопштам дека и Националниот Блок „Не отворам врата“ во кој членуваат 20 организации одлучи да го подржи протестот на 25 април.

Повикуваме на масовно учество за да и покажеме на марионетската власт што мисли народот за драконската осуда на два века затвор за уставобранителите.

Осудените лица на 27 април во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок.

Ова на своевиден начин беше потврдено и при давањето на мандатот за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки со што и претседателот ја потврди општествената опасност.

Бараме потполно ослободување од натамошното извршување на казната затвор.

Да потсетам, после Татковинската војна во 2001 имавме слобода за припадници на албанското малцинство за многу потешки кривични дела, за лица кои го нападнаа територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода за лица кои понесени од силни емоции влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок заради што сметаме дека е несправедлива и апсурдна осудата на лица за настаните во Собранието од 27 април.

Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерна љубов кон Татковината.

Осудени се во наместен и монтиран судски процес со лажен заштитен сведок Ц1.

Затоа, слобода за неправедно осудените за 27 април.

Центар за комуникации на Национален Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 21 април 2021

Скопје 1

Новости

Грид