Мицковски го допре дното -бојкотирачите на референдумот ги нарече фекалии


24.08.2018 | 18:16:09 | Референдуми


Мицковски го допре дното -бојкотирачите на референдумот ги нарече фекалии

Лидерот на ДМНЕ Христијан Мицковски вчера го допре дното со изјавата дека приврзаниците за бојкот на референдумот на 30 септември се фекалии.

Земајќи предвид дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот, произлегува дека Мицковски го смета за фекалии сопствениот македонски народ.

Познати ни се причините за ваквите неконтролирани испади на Мицкоски во последно време, меѓутоа, Кризниот штаб против референдумот во кој членуваат 28 патриотски организации за одбрана на националните интереси, во овој судбоносен момент за Татковината нема да навлегува во провоцирачки расправии со лидерот на ДПМНЕ Мицковски кој ја нема подршката од огромното членство на ВМРО.

Кризниот штаб против референдумот го повикува и Мицковски и раководството на ДПМНЕ да бидат на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство, кои нема да излезат на референдумот оти не сакаат промена на вековното македонско име.

Да се обединиме сега против референдумот, а на целата македонска јавност после 30 септември со факти ќе и покажеме кој се фекалиите и контаминирачите во Македонија.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, 24 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Стандард

Опсервер

Либертас

Прес 24

Светски новости

ТВ 24 вести

Тајм 

Вести

Дејли

Грид