Дебата на Радио 3zzz од Мелбурн: Македонците од Австралија ќе го помогнат Кризниот штаб


24.08.2018 | 20:59:30 | Референдуми


Дебата на Радио 3zzz од Мелбурн: Македонците од Австралија ќе го помогнат Кризниот штаб

Денес, четврток, 23 август 2018, на Македонската програма на Радиото 3zzz од Мелбурн, Австралија се одржаа дебата со гостите Крис Попов, Гоце Дуковски и Гоце Ристовски со водителот Ицо Најдовски Перин. Соговорниците позитивно одговорија на повикот на координаторот на Кризниот штаб против референдумот, Драган Угриновски кој упати апел до нашинците во светот да помогнат околу кампањата за бојкот и неизлегување на референдумот. Општ беше зклучокот на сите соговорници во дебатата дека е крајно време да им помогнеме на Македонците кои ќе ја водат кампањата преку Кризниот штаб против референдумот со цел да спречиме промена на името и идентитетот на македонскиот народ и бришење на се што е македонско.