Бачев: Заев и Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ се уплашени луѓе штом воведоа цензура врз Единствена Македонија


29.06.2020 | 13:10:56 | Избори


Бачев: Заев и Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ се уплашени луѓе штом воведоа цензура врз Единствена Македонија

Прес конференција, Коалиција „Никогаш севрена - само Македонија“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 29 јуни 2020

 Почитувани избирачи,

Партијата Погреб за Македонија составена од дпмне и сдс воведе вистинска медиумска цензура на изборите за 15 јули.

Дпмне и сдс на секој час емитувана програма на телевизиите добиваат по шест минути а Единствена Македонија и „Коалицијата Никогаш северна - само Македонија“, замислете, само десетина секунди. И тоа си го направија со Уредба со законска сила.

Партијата „Погреб за Македонија“ го погази уставното право за еднаквост на сите партии на изборите.

Заев и Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ се уплашени луѓе штом воведоа медиумски мрак за изборите.

Устите на Заев и Мицкоски  се полни со демократија, рамноправност, но, во реалноста работа сосема друго - воведоа медиумска диктатура.

Нервозата кај Заев и Мицкоски е голема откако нивните внатрешни анкети им покажуваат дека Единствена Македонија е најсилната опозициска партија која може да го сруши нивната власт во изминатите 30 години.

На 15 јули народот ќе ја разбие 30 - годишната власт на дпмне и сдс.

Главата горе Македонци!

Ова е наша држава! Ние одлучуваме!

Идат подобри времиња!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 29 јуни 2020

Медиуми: 24 Инфо Центар Вечер Макфакс Скопје 1 Весник ТВ Вис Тајм Вест Грид